Пред 34 години, Стив Џобс со лептир машна гордо стоеше позади коцкастиот компјутер наречен Macintosh кој го претстави пред јавноста.

Macintosh беше претставен во “Flint Center” во Калифорнија, на 24-ти јануари 1984 година. Сепак, фамозниот Macintosh не е првиот компјутер кој пристигна од компанијата “Apple”. Тоа свечено место го зазема “Apple 1” кој излезе во јули 1976 година.

Интересно е дека првата ТВ реклама за првиот Mac која била премиерно емитувана во текот на полувремето на “Super Bowl” ја режирал Ридли Скот, човекот кој е одговорен за “Alien”, “Blade Runner” и “Gladiator”.

Apple Macintosh го добил своето име по видот на јаболка кој тогаш вообичаено се одгледувале во Канада. Името на сортата е всушност McIntosh. Сепак, од сè уште нејасни причини, оригиналното име на овој компјутер требало да биде Bicycle.

Погледнете го видеото:

Извор: B92.net