На јапонскиот пазар, започна продажбата на новата генерација на Toyota Century седан. Ова е третата генерација на Century од воведувањето на првата генерација на моделoт во 1967 година.
Седанoт беше во фаза на изработка од 1997 година, и ќе биде досега најлуксузниот модел кој не случајно го нарекоа и јапонскиот Rolls-Royce. И новиот модел на Toyota Century во многу нешта наликуваат на веќе досега познатите модели, затоа што дизајнерите ги задржаа класичните пропорции на моделот во класата седан.
Во новата генерација, Toyota Century стана хибрид. Моќната единица вклучува 5.0- литарски бензински V8 Toyota 2UR-FSE, електричен мотор и никел-хидридска батерија. Благодарение на оваа технологија, Toyota Centur се карактеризира со ниски емисии и економичност (просечната потрошувачка на бензин е 7,4 л / 100 км). Моторот има 381 КС, а комбинираната врвна моќност на хибридниот систем е 431 КС.