Цената на биткоинот падна за повеќе од 5% во петокот, откако јапонскиот финансиски регулатор нареди на неколку берзи за криптовалути да ги подобрат практиките во однос на перењето пари, објави „CNBC“.

Дигаталната валута се тргуваше по цена од 6.255 долари, откако падна под прагот од 6.400 долари за прв пат од околу една недела, според податоците на „CoinDesk“.

По наредбата на Агенцијата за финансиски услуги во Јапонија, „bitFlyer“, најголемата криптоберза во земјата, го замрзна создавањето на нови сметки, до подобрување на сопствениот бизнис, особено во однос на мерките за запирање на перењето пари и финансирањето на тероризмот.

„Нашето раководство и сите вработени се обединети во вашето разбирање колку сериозни се овие проблеми и колку сериозни сме ние во нашиот одговор“- објави „bitFlyer“ во соопштението на својата интернет страна.

Агенцијата ја даде истата наредба на пет други берзи, откако најде слабости во борбата против перењето пари.