Да се биде хонорарец има многу предности и најверојатно е сон на многумина на кои им е здосадено од монотоната работа во четири ѕида. Не само што може да ги изберете само оние работи за кои сте навистина заинтересирани, туку имате и целосна слобода да го изберете времето кога ќе работите, луѓето со кои ќе работите и местото на кое ќе работите.
Проблемот сега е само каде може да најдете работа која ќе ви помогне да ја оддржувате вашата кариера како хонорарец? За да ви помогнеме во потрагата по проекти креиравме листа од 50 најдобри веб страници за хонорарци. Дури и доколку вие како компанија или поединец барате да ангажирате хонорарец, овие веб страници исто така може да ви послужат.
Но, внимавајте – за да најдете работа не е доволно само да се регистрирате на некоја од овие платформи.
- Посветете посебно внимание во креирањето профил. Немојте да бидете мрзливи затоа што нема да имате втора шанса за да оставите добар прв впечаток.
- Аплицирајте само на оние проекти или работи за кои сте максимално квалификувани.
- Пишувањето понуда е од клучно значење. Покажете дека сте го прочитале барањето, дека разбирате што од вас се бара, дека тоа веќе сте го работеле и слично. Никако немојте да одите со генерички понуди со copy-paste!
Па, независно од тоа дали сте програмер, дизајнер, преведувач или архитект, еве ја листата на веб страници кои ќе ви помогнат да ја најдете работата или проектите за кои сонувате. За да се снајдете полесно во морето од сајтови, листата ја поделивме во неколку секции:
- Општи сајтови
- Tech & креативци
- Микро проекти
- Пишување и медиа
- Онлајн подучување
- Работа на далечина
- Преведување и транскрипти
Општи сајтови
Upwork (порано позната како oDesk)
Просечниот буџет за кој би ја добиле услугата овде се движи околу $5,000! Не е ни за чудење зошто овој интернет пазар е одлична придобивка не само за оние кои обезбедуваат услуга, туку и за оние кои нудат работа.
Забелешка: Elance.com (претходно еден од најголемите конкуренти на Upwork) сега е во сопственост на Upwork
Freelancer
Најдете или постирајте проекти на оваа платформа за да добиете најдобри понуди од група на најдобри веб дизајнери, автори или хонорарни програмери.
Guru
Еве уште едно место каде може да видите што нуди индустријата со професионалци од целиот свет. Гаранцијата за исплата ја става оваа страница на врвот од многу останати веб страници за хонорарно работење.
People per hour
Врз основа на едноставен систем на давање понуди, може да ангажирате ефикасни хонорарци и да уживате во придобивките од флексибилноста на работата по потреба, истовремено заштедувајќи си пари и време. Маркетинг, право, сметководство, пишување, програмирање се само неколку од најчестите типови на индустрии кои ги покрива оваа страница.
YunoJuno
Уште една одлична страница на која може да најдете хонорарна работа. YunoJuno поврзува хонорарци со работодавачи и обезбедува алатки за генерирање на контакти и фактурирање.
Tech & креативци
Toptal
Toptal е место кое ангажира програмери од (речиси) сите програмски јазици. Нуди програмери од врвно ниво кои се стручни во своето поле. Може да аплицирате за хонорарен програмер и да добиете можност да работите со најдобрите ИТ компании.
99Designs е местото каде команиите ги добиваат своите логоа, банери и веб дизајн. Дизајнерите секогаш добиваат однапред одредена сума на пари доколку нивниот дизајн е избран.
Envato Studio (порано позната како FreelanceSwitch)
Компанија каде креативците и програмерите од различни полиња може да најдат хонорарна работа од различни делови низ светот. Аплицирајте како провајдер на услуга која ја обезбедувате, и откако ќе ве прифатат ќе може да ја определите и цената на вашата услуга.
Целосниот текст можете да го прочитате на веб-сајтот на Веб Академија Еверест