Францускиот автомобилски гигант Renault е подготвен да инвестира една милијарда евра во четири свои домашни фабрики.
Renault заедно со Nissan и досега работеше на технологиите за електрични автомобили, а двата најуспешни продукти од таа област се Renault Zoe и Nissan Leaf.
Најновата инвестиција е наменета, помеѓу другото, и за развој на нови електрични платформи кои ќе ги користи алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi.
Покрај тоа, дел од парите се наменети за двојно зголемување на капацитети во фабриките Флинс, единствени во кои се изработува моделот Renault Zoe.
Исто така, во план е и зголемување на производниот капацитет во фабриката Клеон, во која од 2021 година ќе се склопуваат нова генерација на електромотори за возила на струја.
Renault дел од инвестициите ќе ги пренасочи и за погонот Мобеж, каде ќе се произведува следната генерација на моделот Kangoo, вклучувајќи и потполно електричен Kangoo Z.E.
Најавените вложувања во секторот за развој и производство на електрични автомобили се дел од стратешкиот план на францускиот произведувач под назив „Drive the future“, кој, помеѓу другото, предвидува развој и лансирање на пазарот на 8 потполно електрични и 12 електрифицирани (хибридни) модели, до 2022 година.
Извор: B92.net
Поврзани артикли