Facebook Messenger отсега дозволува автоматски превод на пораките од шпански на англиски јазик и обратно, како и што беше најавено пред неколку месеци.
Функцијата M Translations ќе биде дел од веќе постоечкиот сет М-Suggestions и овозможува креирање готови автоматски одговори или означување локација. Новата опција првично ќе биде достапна во САД и Мексико. Facebook има намера, освен англиски и шпански, во блиска иднина да опфати и други јазици