Замислете си дека го почнувате утрото работејќи на веб сајт на моден блогер и го завршувате денот редизајнирајќи непрофитен веб сајт, кој ќе донесе повеќе донации за вашиот клент. Звучи примамливо, нели? Особено ако тоа може да го работите од дома или од вашето омилено кафуле! Можноста да работите за клиенти со кои сакате да работите, и да може да ги избирате проектите кои ве воодушевуваат, е остварување на сонот.

Тоа е сонот кој илјадници луѓе во Америка го следат. 34% од националната работна сила се хонорарни работници. Повеќето луѓе го работат тоа заради флексибилноста, или за да заработат дополнителни приходи покрај редовното работно место.

За некој кој почнува во оваа индустрија, хонорарната работа е одличен начин за стекнување на искуство и градење на портфолио. Но и многу повеќе: хонорарната работа ви ја нуди флексибилноста која дури и на најфлексибилните работни места на далечина им недостасува. Може да си ги избирате проектите на кои ќе работите и времето во кое ќе работите. Тоа значи дека ако имате закажано патување следниот месец, може да го остварите и тоа!

Па, каде може да почнете? Подолу ви подготвивме листа од 25-те  најдобри страници за хонорарна работа за дизајнери, програмери и други технички струки. Некои од нив се отворени за секого, а други само за оние со одлично портфолио кое е прифатливо за нивниот ранг.

Во секој случај, ако почнете од овде, наместо да пребарувате на Googlе,  ќе се поштедите од главоболки и ќе ја најдете хонорарната работа која ви одговара.

Огласи за работа исклучиво од техничка струка

1. Smashing Jobs е дел од Smashing Magazine, и има одлична листа на ИТ работни места за хонорарци (имаат и листи за работни места со полно работно време). Главно објавуваат работни позиции за програмери, но на нивните листи може да се најде и работа за дизајнери.

2. The Mashable Job Board е целосно посветен на дигиталните и техничките работни места низ светот. Неговите услуги, за свои потреби ги имаат употребено некои од врвните компании, меѓу кои MTV News, Omaze, и многу други. Пребарајте со клучниот збор “freelance” за да ја добиете соодветната листа со можности за работа.

3. Coroflot е исклучиво за креативни работни места, а на него има огласи за работа од компании од целиот свет. Тие имаат посебна категорија за хонорарна работа. Покрај проектите за дизајнери и програмери, нудат листа и за други креативни и технички работни места.

4. Working Nomads е листа со работни можности на далечина од компании ширум светот. Нивните категории за работа вклучуваат дизајн, развој, систем администратори, менаџмент и маркетинг.

5. Authentic Jobs ви дозволува да филтрирате и пребарате хонорарна работа, работа по договор и дополнителна работа. Имаат листа за сé, од проект менаџери до back-end развивачи и стратези за содржина.

6. GetACoder е одличен извор на работни места за развивачи, дизајнери и други технички струки. На својот сајт имаат илјадници активни огласи за работа, па затоа е и многу потешко да ослучите за што да конкурирате.

7. WP Hired е одличен за WordPress професионалци кои бараат хонорарна работа. Имаат категорија само за хонорарци, и повеќето од работите кои се во листата може да се работат од секаде во светот. Има голем избор на работни места на сајтот, од мали проекти за додатоци, па до целосни редизајнирања на големи сајтови.

8. Problogger Jobs е огласна табла за блогери која има најмногу позиции за хонорарци. Повеќето работи се технички, па WordPress и другите технички вештини се огромна предност за секој кој сака да пишува на блог.

9. Krop е за креативни работници. Се издвојува од останатите со тоа што ви дозволува да хостирате сопствено портфолио на нивниот сајт. Го употребуваат многу познати луѓе од индустријата, како фотографот Terry Richardson, агенцијата за дизајн Heydeys, и креативниот директор Eric Hoffman.

10. Stack Overflow Careers дава листи со позиции со полно работно време и по договор. Најголемиот дел од нив се за развивачи и инженери, иако понекогаш има огласи и за другите области.

Целосниот текст можете да го прочитате на сајтот на Веб Академија Еверест