Иако од ЕУ истакнуваат дека сакаат да ја засилат заштитата на авторските права, многумина се плашат дека филтрирањето на содржини ќе ја оневозможи слободата на изразување.

Одборот за законодавство на Европскиот парламент го изгласа новиот закон за авторски права, којшто може да го уништи интернетот. Противниците на овој закон ги повикуваат граѓаните да се обратат до парламентарците од нивната земја и да биде слушнат и нивниот глас.

Најспорните делови во реформата на авторски права се член 11 и член 13, а дури и членовите на Европскиот парламент се противеа на истите. Тие биле изгласани со 3 гласови ЗА, 12 ПРОТИВ за член 11, односно 15 гласови ЗА и 10 ПРОТИВ за член 13.

Членок 11 ги опфаќа “помошните авторски права“ и така наречените “даноци на линкови“, што значи дека која било страница којашто објавува исечоци од новинарски онлајн содржини, мора прво да добие лиценца од издавачот, се до 20 години после објавата на оригиналната содржина. Тоа се однесува на социјалните мрежи како “Фејсбук“, “Твитер“ и “Редит“ коишто со линковите објавуваат и слики и резимеа, но исто така и други сајтови како агрегатори на вести, апликации за вести или страници за проверка на факти.

Член 13, кој ја пренесува одговорноста за контролирање на употребата на авторските содржини на индивидуални веб-страници, воведувајќи ја идејата за автоматизиран филтер за содржини кој би забранил употреба на популарни мемови како што е “Grumpy cat“, но исто така и цитати од Википедија и разни други работи кои се вообичаени и се дел од интернет комуникацијата.

На пример, страниците на кои корисниците испраќаат фотографии мора да ги скенираат сите тековни и идни фотографии и да проверат дали има кршење на авторските права.

Истото ќе важи и за музиката којашто ќе биде пуштена без авторски права на “YouTube“, што значително ќе ја измени работата на оваа видео-платформа. Иако оваа мерка ќе значи дополнителен трошок за “Гугл“, “Фејсбук“ и “Твитер“, истата ќе има многу посериозни последици за малите сајтови кои немаат ресурси за контрола на содржината којашто ја делат корисниците со овие онлајн гиганти.

Членот 13 не предвидува правни санкции за проблеми кои можат да произлезат од неуспехот на автоматските филтри, што го покренува прашањето како ќе се реши проблемот со неправилното отстранување на содржини од Интернет.

Оваа одлука автоматски не значи дека сè е готово и дека новиот закон ќе стапи на сила. Всушност, таа го потврдува ставот на Европскиот парламент за реформата на авторското право пред да се приклучи на завршната фаза на законодавниот процес. Но, пред тоа, противниците може да бараат да се одржи пленарна седница на парламентот во која од сите, 751 пратеници одлучиле да гласаат за законот. Сепак, одлуката за одржување на оваа сесија бара поддршка од пратениците. Затоа, кампањата веќе е започната сè со цел да се одржи оваа пленарна седница. Како сè ќе заврши до сега не е познато, но противниците на овој закон ги повикуваат граѓаните да се обратат до парламентарците од нивната земја и да ги натераат да го слушнат нивниот глас.