Новата верзија на фаблетот на Xiaomi, Mi Max би требало да го задржи големиот екран, по кој беа познати сите претходни модели на овој уред, како и да биде опремена со најмоќниот чип досега.
Според постот на кинескиот Twitter, платформата Weibo, Mi Max 3 ќе работи на неодамна најавениот Snapdragon 710 чип (надградба во однос на Snapdragon 625 од актуелниот Mi Max 2 модел).
Моделот ќе има 6,99-инчен екран во модерен 18:9 формат и Full HD+ резолуција.
Is this the new Xiaomi Mi Max 3? Pretty interesting!#Xiaomi #XiaomiMiMax3 pic.twitter.com/LHGLnWnZPR
— The Phone Talks (@ThePhoneTalks) June 11, 2018
Уште еден од адутите на Mi Max серијата е и неговата батерија, па така “тројката” би требало да добие батерија со капацитет од 5.500 mAh и поддршка за Quick Charge 3.0.
Фотографската компонента ќе се состои од двојна задна камера, чиј главен сензор ќе биде 20-мегапикселниот IMX363 на Sony.
Сите овие карактеристики се уште се само гласини, а официјалното претставување на Xiaomi Mi Max 3 може да се очекува веќе следниот месец.