За помалку од 90 дена откако започна продажбата на Р20 серијата на паметни телефони на Huawei, продадени се повеќе од 6 милиони телефони, што е значително голем раст во споредба со Р10 серијата.
Од Huawei се пофалија со одличните продажни бројки на Р20 серијата на паметни телефони. Како што изјави претседателот на Huawei Handsets Product линијата, Кевин Хо, растот на продажбата е поголем за високи 81% на глобално ниво во однос на Р10, од што на кинескиот пазар е забележан раст од 63%, а на пазарите надвор од Кина е забележан раст од дури 150%.
Хо изјави дека овие бројки докажуваат дека Huawei денес уште подобро ги разбира потребите на корисниците и пазарот, како и важноста на „вложувањето во истражување и развој“.
Како еден од најважните фактори за одличната продажба и популарноста на телефоните на кинески Huawei се нагласени камерата, па моделите Р20 и Р20 Pro се рангирани како телефони со највисоки VCX (Valued Camera Experience) резултати, постигнувајќи оцени од 74 и 71, додека на тестот на DxO на листата на паметни телефони со најдобра камера постигнале 109 и 102 бода.
Посебно интересен е моделот Р20 Pro со три задни камери за кој што во оваа компанија велат дека станува збор за телефон кој што е „најдобар мобилен фотоапарат“, кој што од своето пристигнување на пазарот стартувал нови трендови во светот на мобилната фотографија.
Huawei моментално е третата најголема мобилна компанија на светот, а амбициите на компанијата се многу поголеми – во текот на следните неколку години од Huawei планираат да ги прескокнат Samsung и Apple и да станат глобален лидер на овој пазар.
Извор: Zimo.hr