LG го објави својот нов смартфон X5 (2018). Уредот располага со 1.5 Ghz MediaTek MT6750 процесор и нуди 5,5-инчен HD екран. Оперативната меморија е 2 GB и 32 GB достапна за апликации. Главната камера има резолуција од 13 мегапиксели, а предната е со сензор од 5 мегапиксели. Постои и сензор за отпечатоци кој поддржува LG Pay Payments System. Оперативниот систем логично е Android 8.0 Oreo.

Телефонот тежи 171 грама и со димензии 154,7 x 78,1 x 8,9 милиметри. Главната атракција е батеријата со капацитет 4500 mAh која со оглед на користениот хардвер би требало да обезбеди одлична издржливост.

Интересно, единствената боја која се нуди во моментов е мароканско сина. LG X5 (2018) во моментов е достапен во Република Кореја по цена од 363.000 вона (283 евра), но најверојатно наскоро ќе се појави и на други пазари.