Потрагата за живот надвор од Земjата не е само за на далечни планети, туку и на далечни месечини.

Универзитетот на Калифорнија идентификува повеќе од 100 џиновски планети кои го имаат потенцијалот за околу нив да ротираат природни сателити кои што подржуваат живот.

Научниците од Универзитетот сега работат на дизајнирање на идни телескопи, кои што ќе можат да ги детектираат овие потенцијални месечини и да забележат дали има био-сигнали во нивните атмосфери.

Од кога НАСА го лансира телескопот Кеплер во 2009 научниците идентификуваа илјадници планети надвор од нашиот сончев систем. Главна цел на Кеплер беше да открие дали овие планети се во хабиталната зона на нивните ѕвезди, што значи да не се премногу блиску ниту премногу далеку од ѕвездата за водата да може да биде во течна состојба.

Карпести планети кои наликуваат на земјата се главна мета во мисијата за барање на живот. Друго место каде што се бара се стотиците гасовни џинови откриени од Кеплер.

Планети како Јупитер и Сатурн кои што се наоѓаат во хабиталната зона може да имаат сателити кои би подржувале живот.

Моментално има 175 познати месечини на 8-те планети во нашиот сончев систем. Додека поголемиот дел од овие природни сателити им припаѓаат на Сатурн и Јупитер, што се надвор од хабиталната зона на Сонцето, тоа не мора да биде случајот во други соларни системи.

Истражувачите од НАСА идентификуваа 120 гасни џинови кои што се наоѓаат во хабиталната орбите на нивните ѕвезди. Иако овие џинови се три пати поретки од планети како Земјата, секој од нив се очекува да има голем број на месечини.

Според научниците овие егзомесечини може да имаат поволни услови за живот, дури и подобри од оние на Земјата заради тоа што одобиваат енергија не само од нивната ѕвезда туку и од радијацијата која што се рефлектира од нивната планета.