Британскиот ТВ канал Thames TV го документираше моментот кога во 1984. година, техничарите Џулијан и Пет Грин прв пат испратија и примија електронска пошта.
Испраќањето мејл пред 34 години беше многу покомплицирано отколку во денешно време. Емисијата „База на податоци” тоа го забележа. Пред испраќањето беше потребно да се поврзете на мрежата. Денес, како што знаеме, тоа е прилично едноставно, но тогаш процесот беше поинаков, пишува Business Insider.
Пред испраќањето на мејлot било потребно поврзување на онлајн услуга. Денес е тоа прилично едноставно, но тогаш процесот бил различен.
Прво било потребно да се приклучите на телефонската линија на модем, а потоа да се спои модемот со компјутерот. Потоа требало да се повика компјутерот со помош на телефон. Кога ќе се воспоставела врската, било потребно да се вклучи прекинувачот на модемот. Тогаш сте постигнувале конекција.
Грин го демонстрираше процесот, на тој начин што се приклучуви на услугата „Микронет 800“, вид на рана услуга „АОЛ“, онлајн магазин што обезбедувал вести, софтверски прегледи и мејл услуги.
После поврзувањето со „Микронет“, конечно може да се напише мејлот. Но тогаш не постоеле електронски адреси какви што познаваме денес. Во 1984 година, е-адресата била броеви и букви. Во овој случај, адресата била „7776а“. Пораката што тогаш била испратена гласи. „Со најдобри желби во тимот за база на податоци, електронски ваши, семејството Грин“
Еве како изгледал целиот процес:
Извор: B92.net