Во последно време, Apple се соочува со неколку потенцијално големи проблеми. Откако беше откриено дека намерно ги забавувал постарите модели на iPhone, ова ги поттикна корисниците, но исто така и медиумите повнимателно да ги читаат документите на Apple.

Документите кои Apple морал да ги поднесе до судот покажале дека во оваа компанија знаеле дека нивните iPhone 6 и iPhone 6 Plus уреди се „помеки“ од претходните верзии и се повеќе склони на виткање, дури и ако само се носат во џебот од панталоните.

Иако во Apple тврдеа дека до свиткување може да дојде само во исклучително ретки ситуации, овие документи покажуваат дека тоа и не е баш така.

Документите откриваат дека по откривањето на „bendgate“, така американските медиуми ја нарекуваат аферата, во Apple набрзина се обиделе да го поправат ова со додавање на многу силна епоксидна смола во сите уреди направени по мај 2016 година.

Исто така, за да се избегне повторување на целата афера, за iPhone 6S и iPhone 6S плус избрале поцврста алуминиумска рамка.

Проблемот потенцијално би можел да биде многу скап, бидејќи Apple продолжува да ги продава овие уреди, а милиони iPhone 6 уреди сè уште се користат во целиот свет.

Ова откритие може да ги охрабри корисниците на „флексибилни” уреди да поднесат тужба и да бараат компензација од Apple. Особено ако тие треба да купат нов уред поради виткање и оштетување.

Како Apple ќе се справи со овој проблем сеуште не е познато. Но, со оглед дека против Apple се подигнати повеќе од 60 тужби во целиот свет како резултат на намерното забавување на уредите и проблемите со хардверот во iPhone 7 и iPhone 7 Plus, фактот дека тие знаеле за проблемот со iPhone 6 и се обиделе да го прикријат, би можело скапо да ги чини.

Извор: Zimo.hr