По повод 17 Мај, Светскиот ден на телекомуникациите, утре во 11 часот на ИНОФЕИТ на Факултетот за електротехника и информациски технологии ќе биде промовирана првата лабораторија за тестирање на 5Г-технологијата (5G evolution laboratory).

На отворањето ќе се обратат професорите Димитар Ташковски, декан на ФЕИТ, и Лилјана Гавриловска, раководителка на WINGroup, на CWNC и на новата 5G evolution лабораторија, и Никола Љушев, главен и извршен директор на „Македонски телеком“

– Во оваа лабораторија преку партнерството меѓу Факултетот за електротехника и информациски технологии и „Македонски телеком“ во иднина ќе се вршат и реални 5Г-тестирања – велат организаторите.