Кога дете ќе го види овој робот веднаш го прифаќа како пријател, велат од кинеската компанија која го продава за 1.200 евра. iPal зборува кинески и англиски, знае шеги, а најавен е и робот наменет за стари лица.
Роботот со големина на дете, кој зборува кинески и англиски, предава математика, кажува шеги и предлага игри неодамна е претставен во Шангај, а замислен е како придружба на најмалите деца кои немаат со кого да си играат.
iPal е висок колку просечно петгодишно дете и се движи на тркала, на пристите има голем таблет, а неговите очи се опремени со технологија за препознавање лица.
-Роботот е замислен да биде друштво за децата, рече Танџи Хуанг, коосновач на AvatarMind Robot Technology, развојната компанија која е основана пред четири години, а седиштето се наоѓа на истокот од Кина.
-Кога детето ќе го види нашиот робот веднаш го прифаќа како пријател, второ дете во семејството, рече тој.
Робото е со бела боја, а може да се одбере дали ќе аглите ќе бидат во розева или сина боја. Родителите можат да овозможат да разговара со детето.
Цената му е околу 1.200 евра, а луксузниот модел со батерија која има продолжен век на траење достигнува и нешто над 1.700 евра.