Научниците создале ситни роботи за кои тврдат дека се најмали микроелектронски роботи на светот.

Овие “роботчиња” имаат погонски систем кој прв пат бил тестиран пред десетина години, а испуштаат двоен млаз на меурчиња. Ги развил меѓународен тим од научници, на чело со професор Оливер Шмит од Ќемницкиот технолошки универзитет во Германија.

Должината и ширината на овие роботи е 0.8 милиметри, а високи се 0,14 милиметри. Со нив безжично може да се управува со помош на далечински управувач, а кога добиваат сигнал се загрева една од двете полимерни цевки кои одат долж двете страни. Двете цевки користат водород-пероксид и вода.

Внатре во роботот има мала количина на платина, која предизвикува реакција, создавајќи меурчиња со кислород кои излегуваат од задната страна на цевката за да се создаде притисок. Со роботите се управува лево или десно, со тоа што се загреваат левата или десната цевка, а ако нема топлина, само одат во круг, пишува “Slash Gear”.

Тимот од научници предвидува иднина во која овие мали роботи би можеле да се користат за достава на лекови во некои делови од човековото тело. Меѓутоа, првиот чекор кон таа цел е да се пронајде некое гориво кое подобро се согласува со човековиот организам од водород-пероксид, а токму на тоа се работи во моментов.

Извор: B92.net