Twitter најави промени во својата платформа преку која корисниците ќе можат полесно да најдат и да ги следат големите настани и вести.

Популарниот сајт за микроблогирање, кој се бори со забавувањето на растот на бројот на нови корисници на платформата, наведува дека идејата луѓето да следат различни теми, интереси и настани на Twitter е една од причините што успеа да привлече повеќе корисници во првиот квартал.

Во април, Twitter успеа да ги надмине прогнозите за бројот на активни корисници, кој достигна 336 милиони, при 6% стапка на раст на годишна основа.

Промените објавени оваа среда ќе станат достапни во САД во текот на следните неколку месеци за корисниците на iOS и Android мобилните телефони. Сега, корисниците прво мора да најдат сметки или хаштагови на темата за да ги најдат вестите за кои се заинтересирани. Социјалната мрежа сака да го направи овој процес многу поинтуитивен.

Функцијата за вести на Twitter ќе биде организирана по тема, а не од типот на содржина, а компанијата експериментира со табови за темите за поперсонализирано искуство. „Тајмлајнот“ исто така ќе биде променет.

Функцијата Happening now презентирана минатата година, ќе биде проширена и ќе вклучува твитови за вонредни и персонализирани вести.

Покрај тоа, Twitter подготвува известувања кои вклучуваат твитови од конкретни корисници на специфични теми кои се интересни за секој поединечен корисник. Се разбира, известувањата може да бидат запрени.

На крајот, и Moments секцијата исто така ќе добие нов изглед.

Извор: Benchmark.rs