Доколку сте сонувале за лаптоп со стотина гигабајти RAM меморија, можете да почнете да се подготвувате за купување на еден таков, бидејќи Lenovo ја најави продажбата на лаптопот Think Pad P52 со 128 гигабајти RAM меморија.
Според најавите на еден од најголемите производители на компјутери на светот, Think Pad P52 ќе има дури шест терабајти интерна меморија, 4K дисплеј со големина од 15,6 инчи, Intel hexacore процесор и Nvidia Quadro P3200 графичка картичка.
Think Pad ќе има два Thunderbolt влеза, HDMI 2.0, mini Display порт, три USB приклучока, влеза за слушалки и Ethernet порт за физички пренос на податоци помеѓу компјутери.
Од Lenovo се уште не објавија колку ќе чини лаптопот, но се претпоставува дека ќе се натпреварува со новиот преносник на Dell. Think Pad P52 ќе се најде на пазарот кон крајот на овој месец.
Поврзани артикли