Ако сте меѓу оние кои денот го поминуваат одејќи или во стоење, столчето Chairless Chair би можело да биде решение.

Chairless Chair е производ на компанијата на Neoone, а нејзината предност е во тоа што лесно се трансформира од положба за одење во положба за седење, така што корисникот може да седне без оглед на тоа каде се наоѓа.

Целта на компанијата е да ги намали напорите на кои работниците се изложени секојдневно.

Ова столче постои веќе неколку години, а како изгледа неговата најнова верзија погледнете во видеото.