„Фолксваген“ ќе плати казна од милијарда евра

Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ соопшти дека германските власти го казниле со милијарда евра поради скандалот со емисијата на издувни гасови. Компанијата соопшти дека ќе ја прифати казната на судот во градот Браунсваиг. 

Германските обвинители му одредиле казна на „Фолксваген“ поради измама на тестовите за емисија на штетни гасови. Обвинителството заклучило дека компанијата не спровела правилен надзор над одделот за развој на мотори, што резултирало со продажба на повеќе од 10,7 милиони дизелаши со илегалнен софтвер за контрола на емисијата на гасови во светот.

Скандалот е откриен во 2015 година и „Фолксваген“ поради тоа веќе мора да плати милијарди поради казните што му ги одредиле американските власти. Компанијата изјавила дека се надева оти ќе ги плаќа казните во Германија и дека тоа ќе има влијание на другите службени постапки што се водат против неа во Европа.