НАСА објави дека на џуџестата планета Церера која се наоѓа помеѓу Марс и Јупитер е пронајден органски материјал со соединенија базирани на јаглерод што се основните компоненти за живот.

Сега според нова анализа од леталото Изгрејсонце, истражувачите од Браун Унвиерзитот тврдат дека органската материја е застапена многу повеќе отколку што претходно се мислеше.

Органските молекули се главните хемииски соединенија за живот, но нивното пронаоѓање не значи дека таму постои или постоел живот. Многу не-биолошки процеси, исто така, произведуваат органски молекули. Бидејќи колку што знаеме живот не постои без овие молекули, научниците се заинтересирани како овој тип на соединенија се распоредени низ сончевиот систем.

Откривањето на органските соединенија на Церера беше направено со користење на инфраред спектрометар вграден на леталото Изгрејсонц,е кое што пристигна на орбитата на оваа џуџеста планета во 2015. година.

При анализирање на начинот на кој што сончевата светлина се одбива од површината, пресметувајќи кој спектар на светлина се одбива, а кој се апсорбира, научниците добиваат претстава за тоа кои соединенија се застапени на Церера.

Кога научниците ги споредија добиените податоци со тие од Земјата, заклучија дека од 6 до 10 проценти од резултатите можат да се објаснат со застапеност на органска материја.