Директорот на Tesla, Елон Маск истакна дека оваа компанија никогаш нема да произведува електрични мотоцикли.

Tesla полека ја проширува гамата на своите возила, после спортскиот седан Model S пристигна SUV Model X, по нив и достапниот седан Model 3, потоа шлеперот Semi, наскоро доаѓа суперавтомобилот Roadster, а за некоја година и кросоверот Model Y.

Меѓутоа, на оваа постава неа да и се приклучи и мотоцикл, иако љубителите на Tesla и возилата со две тркала веќе создадоа неколку рендери на потенцијалната верзија.

Тоа лично го изјави Mask кој приватно беше љубител на мотоцикли, пред се мотокрос, но откако едвај преживеа сообраќајка со камион како 17-годишник, ги промени своите погледи.

https://twitter.com/highsnobiety/status/621432301147262976?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fautomobili%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2018%26mm%3D06%26nav_id%3D1403338