Со години наназад кружат гласини за сензори на отисоци од прст вградени во дисплејот на смартфонот, а пред неколку дена кинеската компанија Vivo почна да го продава својот прв модел X21 кој го има најновиот систем на отклучување со отисок од прстот.
Сензорите вградени во дисплејот на Vivo X21 дозволуваат отклучување на уредот со поставување на прстот на стаклото на екранот. Компаниите како Samsung, Google или LG одлучија да ги поместат своите скенери за отисоци на задната страна на новите смартфони, но во многу ситуации ова не е погоден систем на отклучување. Со скенерите вградени во екранот, телефоните можат да ја задржат својата тенка рамка и стаклениот дисплеј од раб до раб на уредот.
Vivo не е единствена компанија која произведува паметни телефони со технологија на внатрешен сензор за отисок на прстот. Кинеските компании Xiaomi и Huawei неодамна најавија производство на врвни паметни телефони кои користат слични сензори.
Vivo X21 е прв модел на кинеската компанија со вграден внатрешен скенер. Ова не е прототип или лимитирано издание, туку нормален телефон кој според мислењето на технолошките критичари, одлично функционира. Овој телефон нуди можност за отклучување и со препознавање на лицето. Иако не е унапреден како Face ID сензорот на Apple, одлично работи и не може да се измами со фотографија.
Новиот смартфон на кинеската компанија има Android 8.1 оперативен систем. Достапен е во верзии од 64 или 128 гигабајти интерна меморија, а поседува и шест гигабајти РАМ меморија. Големината на стаклениот супер AMOLED дисплеј е 6,28 инчи. Резолуцијата на предната камера е 12 MP + 5 MP со мноштво спецификации за подобро фотографирање и снимање, додека задната камера исто така има сензор од 12 мегапиксели и поддржува снимање во Full HD резолуција. Цената на телефонот е околу 450 евра.
Поврзани артикли