Бензинскиот мотор со три цилиндри Turbo Pure Tech 110 S&S и 130 S&S во категорија 1 литар до 1,4 литри e избран за мотор на годината по четврти пат.

Новата генерација на мотор PureTech е со подобрени перформанси и зголемена ефикасност, а намалена потрошувачка. Овие мотори гарантираат намалување на потрошувачка во просек за 4% во споредба со претходната генерација на мотори и намалување од 75% на емисија на честички благодарение на FAP филтерот и почитувањето на стандардите RDE, предвидени да стапат на сила од 2020 година. Исто така, моторите се адаптираат на новата платформа CMP за урбани возила, лимузини и компактни SUV модели.

Овие бензински мотори од новата генерација за прв пат се вградени во 2017 година и оттогаш масовно се применуваат кај возилата од групацијата PSA во повеќе од 70 држави. Моторите ги почитуваат европските регулативи Euro 6.

Директорот на секторот за моторен погон и шасии во Групацијата PSA, Алан Рапозо, изјави: „Горди сме на оваа престижна награда четврта година по ред која е доказ за компетентноста и стручноста на нашите екипи за дизајнирање. Денес, овој мотор е дел од многу возила кои бележат огромен успех кај нашите клиенти. Конкурентноста и ефикасноста на нашата гама бензински мотори, особено трицилиндарскиот мотор PureTech, е светски позната и призната“.

Во моментов трицилиндарскиот бензински мотор PureTech се произведува во француските фабрики во Па де Кале и во Мозел, како и во кинеската Ксианд Јанг.