На прес-конференцијата во Њујорк, Parrot го објави Anafi, нов дрон со камера со 4К висок динамичен опсег (HDR). Anafi е достапен за прелиминарни нарачки, со почетна цена од 700 долари. Нарачките ќе се исполнуваат од 1 јули.

Anafi, за кој Parrot вели дека бил во процес на развој две години, се фокусира на четири главни столба: квалитет на сликата, ефикасност на летот, можност за брзо преклопување и леснотија на користење.

Компактниот дрон тежи само 0,7 килограми и е за 25 отсто потивок од својот претходник Bebop 2, благодарение на комбинацијата од јаглеродни влакна, полни со стаклени микрочипови. Неговите „раце“ се собираат и пуштаат за помалку од три секунди, па дури и контролорот е дизајниран за преносливост: се отора за една секунда.

Што се однесува до сликата, новиот дрон не разочарува. Горенаведената 4K HDR камера има сензор од 21 MP, Sony IMX230 со оптика „специјално дизајнирана“ за Anafi. Тој може да издржи екстремни температури (14 до 104 степени целзиусови), да снима до 30 фрејма во секунда при 4K при 100 Mbps, има зум од 1.4x без губење на квалитет, 3x дигитален зум во 4K и 2.8x во Full HD 1080p). Акцентите, исто така, вклучуваат режим на снимање „хиперлапс“, кој ги забрзува фрејмовите до 240 пати и режим на висока фреквенција од 60 фрејма во секунда.

Извор: Стандард