Компанијата Google нема да дозволи нејзините производи од областа на вештачката интелигенција да се употребат за производството на оружје или пак, на кој било начин да повредуваат луѓе, гласи заклучокот од полемиката која се одржа пред да се договори продолжувањето на соработка меѓу Google и американската армија.
Google веќе неколку седмици се соочува со незадоволството на илјадници свои вработени кои се против соработката со Пентагон. Според американските медиуми Google нема да го продолжи тој до вештачката интелигенција со властите, по истекот на неговиот рок во 2019 година.
– Знаеме дека една толку моќна технологија покренуива доста важни прашања за употребата, напиша шефот на компанијата Сундар Пичај на официјалниот блог на Google, каде ги истакна етичките принципу поврзани со оваа проблематика.
Тој, сепак, нагласи дека компанијата нема да ја прекине соработката со армијата во многу други области, како што се кибер-безбедноста или спасувачките операции.
Поврзани артикли