Истражувачката лабораторија на американската армија моментално тестира носив стабилизирачки пасивен уред кој што помага во носењето на тешко вооружување.
Најновиот проект на кој што работи US Army Research Laboratory е егзоскелет кој што би требало да им помогне на војниците во носењето на тешката опрема.
Уредот кој што моментално се тестира изгледа како механичка „трета рака“ (официјалниот назив е Third Arm), а ова решение треба да им помогне на американските војници на полесен начин да го носат тешкото вооружување со себе.
Покрај носеењето и распоредувањето на тежината, оваа „трета рака“ може и да го стабилизира оружјето за при пукање, истото да биде што е можно попрецизно. Според инженерите, механичката рака може да носи митралез потежок од 12 килограми и да им го олесни движењето на војниците, додека пак иако не изгледа така, самиот егзоскелет е прилично лесен.
За разлика од претходните верзии при тестирањето на ова решение, најновата верзија овозможува нејзино користење и при лежење на стомак – додека третата рака го држи оружјето, војникот може безбедно да легне и да го намести митралезот во позиција за напад.
Со оглед на тоа што станува збор за протип, не е познато дали некогаш ова решение ќе биде употребено, но според објавеното видео, иако егзоскелетот изгледа чудно, исто така истовремено изгледа и како многу ефикасно решение.
Поврзани артикли