Компанијата Tesla пред неколку дена објави уште една слика, која повторно не остави да погодуваме како би изгледал Model Y.

Ова е втор тизер, кој како и првиот ја открива само силуетата на новиот кросовер на Tesla.

Сепак, благодарение на шпанскиот фотограф и обожавател на Tesla, Мигел Мас, добивме увид во тоа како Model Y би можел да изгледа во реалноста.

Директорот на Tesla, Елон Маск, после состанокот на акционерите на оваа компанија, потврди дека Model Y ќе биде претставен во јавноста во март 2019 година.

Извор: B92.net