Доколку во новото време на паметни телефони ви недостасува користењето на тастатура, моделите на BlackBerry се вистински избор, па новиот модел KEY 2 дефинитивно треба да го земете во предвид при купување на нов телефон. Сега веќе стандардно, оперативен систем на телефонот е Android (8.1 Oreo), можете да ги користите апликациите во Google Play, телефонот има Corning Gorilla стакло, за првпат има и двојна камера на задната страна, подобрена тастатура, како и батерија која „држи“ два дена.

BlackBerry KEY2

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

За разлика од ланскиот модел, KEY2 има подобар процесот, двојно повеќе RAM и внатрешна меморија, двојна камера. Екранот на KEY2 е со резолуција 1620×1080 пиксели, дијагонала од 4.5 инчи, а е IPS LCD екран. Процесорот кој е во KEY2 е Qualcomm Snapdragon 660, телефонот има 6GB работна меморија, 64 или 128GB внатрешна меморија, лежиште за MicroSD картичка. Задните камери се со резолуција од 12 мегапиксели, а предната со 8 мегапиксели. Батеријата е со капацитет од 3500mAh, се користи USB Type-C конектор, а за среќа има конектор за слушалки и нема засек на екранот (анг. notch). Телефонот ќе биде достапен во две варијанти на бои, црна и сиво-сребрена комбинација.

Продажбата на телефонот во САД ќе започне при крајот на овој месец, а во другите држави ќе започне во јули. Цените ќе бидат околу 649 долари за моделот со 64GB внатрешна меморија. Во Британија, цената ќе изнесува 579 фунти, а во Европа 579 евра. Се очекува дека во Европа ќе биде достапен и моделот со 128GB внатрешна меморија.