Дали навистина сте направиле се за да имате најдобар интернет?
Целосно бесплатната апликација под името WiFi Analyzer е одличен начин да откриете каков ви е навистина безжичниот интернет дома. Достапна е за сите Windows уреди во рамките на Windows Store.
Иако би било идеално сите да живееме во рамките на нашите посебни WiFi балони, реалноста е целосно поинаква и на сите страни околу нас се рутерите кои ги испукуваат своите сигнало на безброј безжични канали.
Затоа е многу важно на своите уреди да им обезбедите најдобра можна конекција со рутерот, а во тоа може да ви помогне користењето на каналите кои не ги користат премногу моќните безжични мрежи.
И тука на сцена стапува оваа апликација, бидејќи нуди едноставен графикон во реално време кој ја покажува силата на интернет сигналите кои ви се достапни. Дури ќе ви предложи и кој канал би требало да го користите за сопствената мрежа, иако конвенционалната мудрост наложува да се држиме до 1, 6 или 11 за 2.4 GHz, и кој е најмалку загушен за 5G.
Секако, оваа апликација нема да ви обезбеди побрз интернет, но ќе ви помогне да ја ослободите својата мрежа од беспотребно WiFi загушување.