Не е тајна дека таблет уредите на Android немаа премногу успех на пазарот, а производителите имаа проблеми со лошата продажба и недостаток на апликации дизајнирани за поголеми екрани. Дури и Google ја признава ваквата состојба, а компанијата сега ја отстрани таблет секцијата од официјалниот сајт на Android.
Сега, доколку одите на Android.com, во менито се сместени само телефоните, носечките уреди, ТВ, автомобилите и ентерпрајз. Пред само 24 часа, оваа секција ги покажуваше и таблет уредите.
Оваа промена во целост ја отстрани и посебната таблет страница. Доколку пробате да ја посетите http://www.android.com/tablets, страницата ќе ве одвете на главниот Android сајт. Со вака голема измена, останува да се види дали производителите кои и натаму создаваат Android таблети, ќе продолжат тоа да го прават и во иднина.
За оние кои сакаат големи екрани, кои типичнбо можат да се најдат на таблет уредите, Google и натаму вредно работи на тоа Android апликациите да функционираат на Chrome OS платфромата, а уште подобро, Chrome OS сега работи и на таблет формат.