Скелет од римското доба е само втор доказ за распнување. Единствен друг пример е шајка долга 19 см, пронајдена во тело на евреин во 1968 година во Ерусалим.

При ископување на гробница во северна Италија, пронајден е скелет стар 2.000 години со дупка во стапалото. Костурот од римското време претставува само втор доказ за користење на техниката на мачење на осуденикот на смрт со која е убиен и Исус Христос.

Трагите се најдени на деснота стапало, поради кои се претпоставува дека човекот е распнат.

Иако римјаните практикувале распнување стотици години и така убиле десетици илјади луѓе, вклучително и Исус, до сега не се пронајдени многу физички докази за таквата техника на погубување, пришува Daily Mail.

Доказите за рaспнување се ретки затоа што Римјаните користеле дрвени крстови кои се распаѓале, а се верувало дека шајките имаат магична моќ па луѓето ги земале.

Освен тоа, посмртните остатоци биле расфрлaни во ѓубрето и главно биле храна za грабливците, па археолозите тешко ги наoѓале.

Славниот римски говорник Цицерон говорел дека ваквото казнување не е најсурово и најстрашно од сите други казни.

Новооткриениот скелет е пронајден на 60-тина километри од Венеција во долината на реката По. Погребан е сам, без имот, а според научниците, мажот во моментот имал 30 до 34 години.

Тродимензионалниот приказ на дупката низ коските на стапалото e направен со помош на дигитален микроскоп, пишува Times of Israel. Откриено е дека лезијата минува низ целата ширина на коската.

Авторите велат дека тоа е доказ дека стапалото било заковано за тврда површина пред човекот да умре.

Се претпоставува дека горните екстремитети биле прицврстени на крст со шајки во зглобовите, како во историските записи, пренесува 24 casa.

Начинот на кој човекот е погребан укажува на тоа дека припаѓал на маргинализирана општествена група, или дека бил во заробеништво.