На брегот во јужниот дел на Тајланд бил пронајден угинат кит кој проголтал повеќе од 80 пластични кеси, соопштија надлежните служби откако се обиделе да го спасат младиот цицач.
Китот бил пронајден во близина на границата со Малезија. Резултатите од аутопсијата покажале дека животното во желудникот имало повеќе од 80 кеси со вкупна тежина од осум килограми.
Тајланд е една од земјите која троши најмногу пластични кеси во светот, што секоја година доведува до смрт на стотина морски животни. Секоја година, пак, најмалку 300 морски животни, меѓу кои китови и делфини, страдаат во тајландските води од голтање пластика.