Откако преживеа неконвенционален тест на издржливост со палење, гребење и виткање на каналот JerryRigEverything, популарниот YouTube канал одлучи да ја тестира и водоотпорноста на новиот OnePlus 6 смартфон.
OnePlus 6 никогаш не спомена никаков IP рејтинг за својот најнов премиум телефон, но OnePlus 6 секако е опремен со одредена заштита од пролевање на течности.
Според она што го забележува тестот на JerryRigEverything, сите отвори на телефонот се затворени. Големите отвори (USB, приклучок за слушалки, копчиња) имаат гумени прстени околу себе. Отворите за звук (микрофоните, звучниците) имаат мрежа која спречува продор на водата.
Поврзани артикли