Сопственикот на „Tesla“ и „Space X“ и познат изумител и милијардер донираше повеќе од 1 милијарда долари на компанија која развива вештачка интелигенција за да ја направи добра и спремна да соработува со човештвото, а не да се натпреварува со него.

Маск беше многу гласен уште кога прв пат се отвопри јавната дебата за развој на вештачката интелигенција. Технолошкиот пионер и милијардер јасно стави до знаење дека вистинската вештачка интелигенција би можела да значи крај на човештвото и ќе предизвика апокалипса.

Во јуни, 2017 година тој изјави дека светот со вештачка интелигенција би бил дистопија, а не утопија.

„Имам увид во најновата вештачка интелигенција и сметам дека луѓето треба да бидат навистина загрижени“, рече тој.

„Постојано предупредувам, но сѐ додека луѓето не видат со свои очи како роботи одат по улица и убиваат луѓе, не би знаеле како да реагираат бидејќи тоа им делува толку нереално.“

За да се бори со овој сѐ посериозен проблем, Маск оствари соработка со компанијата OpenAi за да се равива сигурна и пријателски настроена вештачка интелигенција.

Во изминативе неколку месеци „OpenAi“ не се огласуваше во јавноста, но сега е решена да придобие што е можно повеќе луѓе на своја страна.

Намерата на „OpenAi“ е да направи сигурна општа вештачка интелигенција што потоа би се дистрибуирала на широко и рамномерно на сите луѓе.

Оваа непрофитна организација од Сан Франциско веќе има 60 научници и инженери, како и една милијарда долари од Маск.

Извор: Кајгана