Audi е сериозен во намерите да ги направи сите модели електрични, но и да стане предводник во доменот на електрични автомобили. А тоа значи дека треба да биде побрз од моделите на конкурентите, Tesla Roadster и Rimac C_Two.
Audi веќе неколку години е на самиот раб на ново откритие во полето на технологијата со која се служат електричните автомобили, но засега оваа компанија нема промовирано ниту една од овие технологии.
Сепак, во новото интервју за Motoring, шефот за промоција на производи и технологии на Audi, Питер Оберндорфер сугерира дека сепак компанијата не е далеку од напредок.
„Ги разгледуваме сите опции, но мислам дека ни недостасува само уште малку да ги развиеме батериите. Ако сакате да возите брзо тогаш ви треба стабилна батерија, и не сакате три дена да патувате од Нирнберг до Минхен“, вели Оберндорф.
Како едно од решенијата за овој проблем се споменува исфрлањето на Li-Ion батериите и нивно заменување со други технологии, а од нив најоптимистички се гледа на така наречените „цврсти батерии“. Оберндорфер нагласи дека оваа технологија во моментов не е достапна, но е сигурен дека наскоро ќе биде искористена. Притоа тој најави и дека во Audi размислуваат за производство на автомобил кој ќе му биде ривал на оној на Rimac.
Извор: Autoblog.rs
Поврзани артикли