За бренд кој беше блиску до исчезнување од пазарот на телефони во 2016. година, на Nokia моментно и оди прилично добро. Не само дека HMD Global го спаси финскиот бренд, туку успеа да поврати добар дел од репутацијата која ја имаше Нокиа во минатото.
Nokia сега продолжува по патот на заживување на брендот, а ова ќе биде потпомогнато со настанот кој ќе се случи на 29. мај во Москва. Компанијата го најави настанот преку Twitter, а најавено е дека во текот на настанот ќе бидат прикажани некои нови работи. Не е објавено за што конкретно се работи, но претпоставка е дека тоа ќе бидат нови смартфони.
Доколку се работи за нови телефони, можно е да видиме освежени модели од долниот сегмент. Nokia 6,7 и 8 веќе добија свои надградени модели, па ова би можело да се случи за Nokia 2,3 и 5 смартфоните.
Постои можност дека би можела да биде најавена и поширока достапност за неодамна претставениот Nokia X6, кој моментно е ексклузива за Кина.