Како што обично се случува со големите скандали, некои работи се менуваат, па така е и во работењето на компании како Google. Повторно станува збор за приватноста на корисниците, поточно за следењето на локацијата, а проблемот се појави кога се дозна дека компанијата ги следи локациите на корисниците без нивна согласност. Потоа следуваа исправки, но проблемот беше во тоа што не можеа да се применат во апликациите каде што локациите на корисниците беа клучни. Инкогнито Мод за Google Maps беше најавен во септември, а функцијата сега пристигна на Android.

Еден од начините да се зачува приватноста кога станува збор за Google Maps е да ја исклучите сметката на Googke, што не е посебно корисно и што повеќе не е неопходно сега кога Incognito Mode пристигна на апликацијата. Ова ќе им овозможи на корисниците да ја вклучат опцијата исто како на Chrome или YouTube, за да спречат пребарувања и локации од Maps апликацијата да бидат поврзани со нивната сметка на Google.

Се истакнувадека овој режим не е нешто што корисниците ќе сакаат да го користат постојано, бидејќи исклучува одредени опции, а важно е да се напомене дека не го елиминира целосно следењето на корисниците, бидејќи сè уште ќе може да ги следат интернет провајдерите, и други апликации кои ја бараат локацијата.