Пред една недела беше објавено дека Twitter ќе ја засили борбата против интернет тролови, а тој потег изгледа дека имаше неочекувани последици.
Македонската, бугарската и српската Twitter заедница беа погодени од новите измени бидејќи платформата реши да им ги суспендира профилите поради користењето на кирилица во твитовите.
Иако нема официјални правила околу тоа кога ќе биде суспендиран нечиј профил, сепак Twitter автоматски ги суспендираше некои корисници поради користењето на кириличен фонт.
На некои од нив им беше забрането да објавуваат нови твитови, додека пак кај некои беа филтрирани твитовите и најчесто нивните одговори на туѓи твитови не се покажуваа на тајмлајнот. Кај сите овие корисници забраната работеше на тој начин што другите корисници не добиваа нотификации од суспендираните профили.
According to Twitter’s criteria, a user is declared to have “links” to the Russian government if it “frequently tweets in Russian” pic.twitter.com/vscVNZBBUh
— Michael Tracey (@mtracey) November 1, 2017
Ваквото суспендирање беше забележано откако овие профили со кирилична поддршка напишале твит во кој е споменат профилот на YouTube, или пак некоја друга голема компанија. Twitter тоа го има регистрирано како закана и сега ги третира овие профили како руски ботови кои спамираат на социјалната мрежа. Дури и во случај профилот кој се обраќа кон YouTube да не биде суспендиран, големи се шансите дека некој кој ќе одговори на тој твит со кирилична поддршка ќе биде суспендиран.
Зошто се случува ова? Бидејќи Twitter користи алгоритам за да ги препознае руските ботови чија задача е да детектира твитови напишани на кирилица. Е сега, веќе забележувате каде може да настане проблемот, бидејќи кирилицата не ја користат само Русите, туку и ние, Бугарите, Србите и слично.
Дел од корисниците успеваат да си ги вратат профилите, од кои голем дел ги користат и по 7-8 години, но засега останува проблем константното игнорирање на нотификациите од овие профили, кои не се појавуваат во полето за нотификации кај останатите корисници.
In @Twitter HQ:
‘OMG, we have so many Russian bots! Gotta stop them! But how?!’
‘Hm, they use Cyrillic…’
‘Oh? So start hidin tweets in Cyrillic!‘
‘But…’
‘Just do it!’
‘Done.’
‘Nice!.. Beer?’
(FUN FACT: Cyrillic is official script in >15 countries that are not Russia) pic.twitter.com/ku4x391fdP— The Cringeneer (@VSchwarz) May 21, 2018
„Ќе го разгледаме овој проблем и ќе пробаме да најдеме решение за него. Во меѓувреме мораме да се бориме против профилите кои претставуваат закана за нашата Twitter заедница“, пишуваше во соопштението на Twitter за јавноста.
Иако Twitter е една од најважните комуникациски алатки во модерниот свет, сепак е зачудувачки колку тие се неодговорни и незаинтересирани за желбите на нивните корисници. Многу често се случува да превидат нешто за кое потоа голем број корисници ќе се побунат, но дури и тогаш од Twitter не изгледаат премногу заинтересирани да го решат проблемот навреме.
Поврзани артикли