Англиската црква им понуди на верниците можност за користење на виртуелната асистентка на Amazon, Alexa за молитва. Верниците сега можат да и наредат на Alexa да им ја прочита молитвата на денот, Десетте заповеди, Господарската молитва или молитвата пред јадење.

Виртуелната асистентка Alexa доби и функција на лоцирање на црквата од опкружувањето за да ги охрабри луѓето да ги посетуваат и да изговараат молитви.

Овој потег на Amazon е дел од онлајн кампањата на Англиската црква откако бројните истражувања покажаа дека се помалку луѓе заминуваат во црква и присуствуваат на мисите.

Англиската црква во иднина има намера да овозможи слични услуги и преку Google Play сервисот.

Податоците на истражувањето покажаа дека 1,2 милијарди луѓе секој месец ја користи официјалната интернет страница на Англиската црква, но бројот на посети на црквите се намали за 14 проценти од 2006. година.