Основачот и извршен директор на социјалната мрежа Facebook, Марк Цукерберг се извини пред пратениците во Европскиот парламент и призна дека компанијата не направила доволно за да ги спречи злоупотребите на личните податоци.
Обраќајќи се во Брисел, Цукерберг укажа на важноста на Facebook за Европејците и нагласи дека му е жал што не сторил доволно за да спречи злоупотреба на платформата.
„Не заземавме доволно широк став за нашата одговорност. Тоа беше грешка и жал ми е поради тоа”, рече Цукерберг.
Тој пред пратениците во Европскиот парламент одговараше на прашања во врска со злоупотребата на податоците од корисниците и скандалот со компанијата Кембриџ Аналитика.
Поврзани артикли