Првата независна држава на вода во светот се очекува да биде изградена во Тихиот Океан во 2022 година. Нема да биде под ничија јурисдикција и ќе има своја криптовалута.
Овој остров-град-држава ќе има 300 куќи, неколку хотели, ресторани, канцелариски простор и уште многу содржини кои ќе бидат изградени на Тахити.
Пилот-програмата настанала во партнерство со владата на Полинезија, а со 50 милиони долари финансиски ја изведува основачот на „Пејпал“, Питер Тил. Сите градби имаат зелени кровови, покриена вегитација, а за градба користеле бамбус, дрво, рециклиран метал и пластика.
https://www.youtube.com/watch?v=9XHEb5Xzp9Y
Идејата за создавање независна нација која плови во меѓународните води и која има свои закони е да го ослободи човештвото од политичарите, велат од Институтот „Систединг“, чиј основач исто така е Пејпал Питер.
Натали Мека Гарсија, која работи на проектот на пловечкиот остров, вели дека жителите на овој морски град- држава ќе бидат слободни од променливите геополитички влијанија, а тврди дека на ваков остров еден ден би можеле да се сместат бегалци кои се раселени поради климатските промени
Поврзани артикли