Новиот смартфон на Samsung, Galaxy J8 за основа го има новиот Galaxy A6+, со тоа што е доста поевтин. Продажбата на овој уред почнува во Индија и тоа по цена од околу 240 евра.

Во едноделното куќиште, направено од поликарбонат, вграден е 6-инчен Super AMOLED екран со резолуција 720p+.

Телефонот го покренува 14nm Snapdragon 450 чипсетот, кого го напојува батерија од 3500 mAh.

Системот од две задни камери се состои од главен сензор од 16 MP, со отвор на бленда f/1.7 и секундарен сензор од 5MP, со отвор на блендата f/1.9.  Предната селфи камера има сензор од 16MP и сопствен блиц.

Што се однесува до меморијата, ќе се изработува само една верзија, со 4GB RAM и 64GB простор за складирање. Телефонот доаѓа со оперативниот систем Android 8.0 Oreo.

Samsung Galaxy J8 ќе се најде во продажба од месец јули.