Главниот град на САД имплементираше технологија со помош на која преку користење на 4G LTE мрежа, семафорите комуницираат со автомобилите така што им го соопштуваат траењето на црвеното, односно на зеленото светло. На овој начин Вашингтон им се придружи на градовите како Лас Вегас, Хјустон, Далас, Денвер и други кои веќе имаат воведено V2I комуникација. Тука V2I значи Vehicle to Infrastructure, односно комуникација меѓу возилата и инфраструктурата, а 600 семафори во Вашингтон ќе им се придружат на неколку илјади семафори кои веќе се опфатени со проектот.

Градоначалничката на Вашингтон, Муриел Боусер, истакна дека оваа иницијатива е облик на иновација кој е клучен за постигнување напредок на полето на безбедност во сообраќајот како што е дефинирано во проектот Vision Zero. Проектот кој се спроведува во САД засега може да им биде од корист само на оние кои поседуваат Audi и тоа да не е постаро од две-три години. Audi не е првата компанија која им понуди нешто слично на своите купувачи. Во 2015 година BMW во Лас Вегас, Портланд и Солт Лејк Сити ја оспособи апликацијата EnLighten, која ги известуваше возачите за статусот на семафорите на зацртаниот пат.

И во Европа има одредени напори за имплементација на комуникацијата меѓу возилата и инфраструктурата, но длабоко бирократизираната Европска Унија тоа го прави на поинаков начин. Европската комисија во 2014 година ја препозна потребата за создавање платформа која би помогнала во реализација на вакво нешто. Кратенката C-ITS означува Cooperative Intelligent Transport System, односно интелигентен, кооперативен транспортен систем, а Европската комисија ја подели целата програма во две фази. Првата фаза траеше од 2014 до 2016 година и беше првиот чекор кон вмрежено и автономно возење во Европската унија. Со поставувањето на ова, ЕК ја подготви европската стратегија за C-ITS, а втората фаза (од 2016 до 2017) дополнително ја развиваше заедничката визија за реализација на C-ITS составот.

Иако ова звучи како куп бироктатски фрази, напорите на ЕК сепак делуваат како долгорочно смислени бидејќи тежнеат кон развој на стандардизирани платформи достапни за сите производители и единствена за инфраструктурата на целата ЕУ.

Треба да се знае дека долгорочната цел околу баналната комуникација меѓу инфраструктурата и автомобилите всушност е значителен напредок на полето на автономното возење. Актуелните автономни автомобили се потпираат примарно на информациите од визуелен тип кои доаѓаат од камерите, радарите и слично,а комуникацијата со инфраструктурата може да го направи автономното возење многу посигурно и поекономично. Подоцнежната интеграција на V2I комуникацијата со напредните состави за управување на сообраќајот ќе доведе до тоа што автономниот автомобил би можел да ја прилагоди брзината со која се приближува до семафорот за да не мора да запира, но исто така ќе може да ја смени рутата ако на првично одбраната има застој во сообраќајот. Автомобилите ќе можат да го оптимизираат користењето на составот за автоматско гасење на моторот зависно од информациите за траењето на црвеното светло.

Тешко е да се утврди дека комуникацијата со која се опремени семафорите во Вашингтон и САД се нешто без кое не можеме, осовено затоа што овој благодет важи само за одредени автомобили. Од друга страна, не е тешко да се види дека станува збор за значителен чекор кон иднината која вклучува автономно управување и навестува подобра сигурност за учесниците во сообраќајот.

Извор: Bug.hr