На тестниот сајт на HTC се појавија фотографии и спецификации на претстојниот смартфон U12 Plus, кои само ги потврдија постоечките шпекулации, но сега имаме и информација колку ќе чини.
U12 Plus со 6 GB RAM и 128 GB интерна меморија ќе чини близу 920 долари (околу 783 евра) и ќе му биде ривал на Samsung Galaxy S9, iPhone X и Huawei P20 Pro. Со други зборови, не се работи за евтин смартфон.
Освен очигледното отсуство на засек на екранот, HTC се оддалечи од годинашните трендови и не избра OLED екран. На листата на спецификации се наведува дека поседува 6-инчен WQHD+ Super LCD6 екран со резолуција 2880 х 1440 пиксели. U12 Plus ќе има Boomsound звучници, microSD слот за проширување на меморијата до 2 TB, како и Snapdragon 845 процесор. Ќе го напојува батерија од 3.500 mAh, а ќе биде отпорен на вода и прав според стандардот IP68.
Содржината брзо беше отстранета од тестниот сајт, но деталите претходно завршија во јавноста, така што на претставувањето закажано за среда нема да има изненадувања.
Поврзани артикли