Google Duo стана една од најпопуларните апликации за видео-повик на Android, уште од своето деби во 2016. година. Апликацијата сега има ретка функција на мобилната платформа: споделување на екранот.
Најновата верзија на Google Duo апликацијата пристигнува со опција за споделување на она што е прикажано на екранот на телефонот, додека корисикот користи видео-повик, овозможувајќи на другото лице да биде во тек во реално време.
Додека користите видео разговор, поделбата на екранот може да се активира преку новата икона, над камерата од левата страна. Кога ќе се притисне, ќе се појави предупредување, кој известува за тоа дека Duo почнувајќи да снима се што се наоѓа на екранот. Откако корисникот ќе избере да продолжи, апликациајта ќе почне да го прикажува почетниот екран.
Делењето на екранот е вклучено во верзијата 34 Duo апликацијата, која постепено ќе пристигне кај корисниците. Претходно корисниците забележуваа некои багови, како неможноста да се види дисплејот на оној кој го споделува екранот, но се очекуваат отстранувања на овој и на другите багови во иднина.
Извор: Benchmark.rs