Asus планира да почне со продажба на своите нови паметни телефони од висока класа во Европа во рок од неколку недели. Моделите од серијата ZenFone 5 беа презентирани на MWC во Барселона на крајот од февруари. Досега, сепак, немавме детали кога и по која цена ќе почне нивната продажба на европскиот пазар. Неколку трговски синџири во Холандија веќе почнаа со прелиминарните нарачки на смартфоните од кои откриваме колку ќе чини ZenFone 5 на Стариот континент.

Цената на отклучената верзија на Asus ZenFone 5 ќе изнесува 399 евра. Износот е поврзан со продажбата на мрежата на Belsimpel, но наскоро ќе биде достапен и во други малопродажни синџири во Холандија. Можеме да очекуваме цената да биде иста и во другите земји-членки на ЕУ. Стартот на продажбата на ZenFonе 5 е сигурна гаранција дека нема да чекаме долго пред да дознаеме каква ќе бидe ценатa и на другите два модели од новата серија на Asus.

Аsus ZenFone 5 има голем 6.2-инчен LCD екран со 2246х1080 резолуција и се напојува од Qualcomm Snapdragon 636 процесор кој е дополнет од 4GB RAM. Во задниот дел има две камери со резолуција од 12 и 8 мегапиксели, како и сензор од 8MP за видео и гласовни повици. Новиот паметен телефон има 3300mAh батерија и ќе понуди пристап до сите функции во Android 8.0 Oreo.