Руската Влада разбира дека Facebook е уникатен сервис, но вели дека нема да прави исклучоци кон никого и веќе од наредната година ќе го блокира доколку истиот не се усогласи со руските закони.
Директорот на Сојузната агенција за комуникации на Русија, Александер Жаров, изјави денеска дека агенцијата ќе го блокира пристапот на Фејсбук веќе од следната година доколку таа компанија не ги складира своите податоци на локално ниво.Како што изјавил Владимир Путин за руската новинска агенција, тој ќе работи на тоа да го „принуди Facebook да се усогласи со законите во оваа земја“ во насока на заштитување на личните податоци. Имено, според законите, странските компании ќе бидат обврзани податоците да ги складираат во Русија, пренесува агенцијата „AP“.

Според неговите зборови, руската Влада разбира дека Facebook е уникатен сервис, но дека нема да прави исклучоци и дека ќе го блокира од следната година доколку истиот не биде усогласен со руските закони.