Гласините за новиот флегшип смартфон на кинеската компанија Xiaomi кружат веќе некое време, а сега се појави кратко видео кое откри дека уредот ќе поседува сензор за отисоци на прсти интегриран во екранот.
Се работи за смартфонот Mi 8, кој е наследник на минатогодипниот модел Mi 6. Иако не е јасно, зошто Xiaomi очигледно ќе го прескокне Mi 7. Компанијата од претставувањето на моделот Mi 6, на пазарот лансираше уште два смартфона, Mi Mix 2 и Mi Mix 2S, кои имаат поголеми екрани. Меѓутоа, одлуката на Xiaomi да експериментира помеѓу два циклуса и пред доаѓањето на новиот флегшип воопшто не е изненадување.
Xiaomi Mi 8 има 3D технологија за препознавање на лице, која служи за отклучување на смартфонот, Snapdragon 845 процесор, 8 GB RAM и 64 GB интерна меморија, како и батерија од 4000 mAh со поддршка за безжично полнење.
Сензорот за отисоци од прсти интегриран во екранот е се уште реткост на пазарот, а меѓу првите примероци кои го поседуваат се паметните телефони Vivo X20 и Huawei Porsche Design Mate RS.